ПРЕКУ ГЛАВА НИ Е ОД ПАРТИЗАЦИЈА Стевчо Јакимовски ветува дека нема да предлага партиски кадри за било која функција
Јас сакам да бидам претседател на сите граѓани на Република Македонија и широко да ги отворам вратите за оние кадри кои сакаат да ѝ служат на Република Македонија и сите граѓани, а не на политичките партии - нагласи претседателскиотр кандидат на средби со граѓани.
Партизацијата станува рак-рана на македонското општество, за жал и безбедносните сили на Република Македонија ги има зафатено таа епидемија, која е полна со кадри или на Социјал-демократскиот сојуз, или на ВМРО-ДПМНЕ, или на ДУИ, изјави претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на среПРЕКУ дби со граѓани.
– Одговорно тврдам, како претседател на Република Македонија, дека во безбедносните служби, посебно во Агенцијата за разузнавање, нема шанси веќе да влезе лице коешто има било каков контакт со било која политичка партија. Во исто време, тврдам дека началник на Генералштаб нема шанси да биде лице блиско до било која политичка партија, ниту пак Гувернер на Народна банка да биде лице коешто е блиско до било која политичка партија во Република Македонија – изјави Јакимовски.
Следствено на тоа и лицата коишто ќе бидат предлагани за во Републички Судски совет, како и во Советот за безбедност, како и судиите коишто ќе бидат предгалани во Уставниот суд на Република Македонија, нема шанси да бидат предложени ако се блиски до било која политичка партија, вклучително и до мојата партија или пак до мојата коалиција, рече Јакимовски.
– На сите ни е преку глава од партизацијата, на сите ни е преку глава од политички поделеното општество. Јас сакам да бидам претседател на сите граѓани на Република Македонија и широко да ги отворам вратите за оние кадри кои сакаат да ѝ служат на Република Македонија и сите граѓани, а не на политичките партии – нагласи тој.