ПРЕКУ ФУДБАЛ ДО КРАЈ НА ВОЈНАТА Учество на Русија на СП 2026 може да донесе мир, се надева Трамп

Американскиот претседател призна дека не знаел оти Русија е суспендирана од квалификациите кои почнаа во септември 2023 година.

352

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека можноста Русија да учествува на Светското првенство во фудбал во 2026 година би можела да биде „поттик“ за прекин на војната во Украина, објави денеска Би-Би-Си.

Руската фудбалска репрезентација е суспендирана од сите меѓународни натпреварувања во организација на ФИФА и УЕФА од 2022 година, кога почна инвазија на територијата на Украина.






Трамп, кој за време на изборната кампања вети дека ќе ја заврши војната доколку биде избран за втор мандат во ноември 2024 година, рече дека повторното вклучување на Русија во Светското првенство би можело да придонесе за воспоставување мир.

Според сегашните правила, Русија не може да учествува на Светското првенство во 2026 година, кое заеднички ќе го организираат САД, Канада и Мексико. Квалификациите почнаа во септември 2023 година.

Зборувајќи на првиот состанок на работната група на неговата администрација околу организацијата на СП 2026, Трамп рече дека враќањето на Русија во натпреварувањето би можело да доведе до крај на војната во Украина.

За време на разговорот со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Трамп призна дека не знаел оти Русија е суспендирана од турнирот.

Инфантино рече дека „засега, Русија е суспендирана, но се надеваме дека нешто ќе се промени и дека ќе има мир, за да можат повторно да бидат прифатени“.

– Тоа би можело да биде добар поттик, нели? Сакаме да ги натераме да престанат. Сакаме да престанат. Пет илјади млади луѓе неделно ги губат животите – тоа едноставно е неверојатно – рече Трамп.

Поврзани содржини