ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ ПЛУС Владата на 19 септември во Брисел ќе го претстави планот за уставни измени со одложено дејство

За да се прифати предлогот за уставни измени со одложено дејство нема потреба да се сменат Заклучоците, бидејќи тие не се правен документ. Македонија веќе има направено премногу отстапки и немаме доверба дека уставните измени со Бугарија ќе бидат последната билатерлна отстапка во преговорите, вели изворот и додава дека нема дилеми дека со дијалог може да се дојде до решение.

559

Предлогот на македонската влада за уставните измени со одложено дејство ќе биде презентиран на средби на македонска делегација со челниците на Европската Унија во Брисел на 18 и 19 септември.

Извор од Минитерството за надворешни работи вели дека за таканаречениот француски предлог плус веќе постои дијалог со сите стратешки партнери на земјата.






– Во меѓународните односи нема гаранција, но владата ќе бара и ќе нуди решенија. За да се прифати предлогот за уставни измени со одложено дејство нема потреба да се сменат Заклучоците, бидејќи тие не се правен документ. Македонија веќе има направено премногу отстапки и немаме доверба дека уставните измени со Бугарија ќе бидат последната билатерлна отстапка во преговорите – вели изворот и додава дека нема дилеми дека со дијалог може да се дојде до решение.

Изворот додава и дека овој проблем ѝ штети и на самата пракса на проширувањето на Унијата.

 

Поврзани содржини