ПРЕКУ ДЕН СОНЦЕ, НАВЕЧЕР НЕВРЕМЕ Очекувајте силен дожд и грмежи низ целата земја

Утре попладне и во текот на ноќта нестабилна воздушна маса ќе донесе локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови од земјата.

176

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.






– Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Од вторник времето ќе биде стабилно и топло – соопшти УХМР.

Минималните температури ќе се движат од 8 степени во Берово до 18 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 23 степени во Маврово до дури 30 степени во Гевгелија.

Во Скопје, утре попладне, а особено во текот на ноќта, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.

Температурите во главниот град ќе се движат од 16 до 29 степени.

На стартот на новата недела или во понеделник нѐ очекува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи, особено претпладне. Ќе дува засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималните температури ќе бидат од 11 до 20 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Поврзани содржини