ПРЕКУ ДЕН СОНЧЕВО И ПОТОПЛО Температурата утрово ќе се симне до -9

184

Наутро ќе биде студено со појава на магла, а преку денот времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.






Во Скопје утрото ќе биде студено со услови за појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала облачност.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

 

Од утре ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините со магла дневните температури ќе остануваат пониски.

Од понеделник се очекува зголемување на облачноста.

Поврзани содржини