ПРЕКУ БАЈА МАРЕ ДО ПОЛУФИНАЛЕ Алкалоид го дозна противникот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Ракометарите предводени од тренерот Кирил Лазаров првиот натпревар треба да го играат на гости на 22/23 март, реваншот во Скопје на 29/30 март.
Екипата Баја Маре од Романија ќе му биде ривал на Алкалоид во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Ракометарите предводени од тренерот Кирил Лазаров првиот натпревар треба да го играат на гости на 22/23 март, реваншот во Скопје на 29/30 март.
Другите три двојки за четвртфиналната фаза се:
АЕК – Партизан
Олимпијакос – Рунар и
Хаукар – Извиѓач.
Доколку Алкалоид го помине романскиот тим, во полуфиналето ќе се соочи со поуспешниот од двомечот меѓу Олимпијакос и Рунар.