Прекршувања на избирачкото право пријавете во Хелсиншкиот комитет

154

Со оглед дека веќе започна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието  Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436,  или на [email protected]

Денеска започна гласањето на лица кои се болни од ковид-19 и во самоизолација, додека утре гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старски домови и внатрешно раселени лица.  Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и во среда, 15 јули 2020, од 7 до 21 часот.






Апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје.

 

Поврзани содржини