ПРЕКРШОК Е АКО ГАШИ НЕМА ПОСТОЈАНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Протоколот налага придружба, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Носител на позиција каква што има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба, немање обезбедување претставува прекршок за санкција.
Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прозивките за патувањето на преседателот на Собранието во Косово во саботата.
„Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши? Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зашто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски делеше пасоши на мафијаши. Времето на самоволие заврши со смена на власта“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ денеска побара МВР и Собрание да одговорат дали имал Гаши патен налог и документација со себе, по кој основ бил даден налогот и на колку дена.
– Бараме налозите, се разбира ако постојат, да се објават во јавноста. Граѓаните веќе не им веруваат на зборовите на Тошковски и МВР, потребни се докази. Дали знае дека тој може со приватно возило да патува и покрај тоа што неговото обезбедување може да користи службени возила? – рече Кузеска.