📷 📽️ ПРЕКРАСЕН ДЕН ВО МАКЕДОНИЈА Јелена Розга хранеше и галеше срни во Берово
Хрватската пејачка Јелена Розга викендов беше главна ѕвезда на манифестацијата „Етно плоштад фестивал“, што се одржа во Берово.
Хрватската пејачка Јелена Розга викендов беше главна ѕвезда на манифестацијата „Етно плоштад фестивал“, што се одржа во Берово.
Розга ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои, „Размазена“ „Опиум“ и „Опрости мала“, како и нејзината најнова песна „Лавица“.
Јелена Розга освен за настапот, времето во текот на престојот во Берово го искористи и за уживање во прекрасната природа.
Розга била сместена во еден од најпопуларните ресорти во Берово, каде имала прилика да храни и гали срни.
View this post on Instagram
Хрватската музичка ѕвезда објави неколку фотографии и видео од прекрасното дружење на својот инстаграм-профил, каде потенцираше дека имала „прекрасен ден“ во Берово.