Преко воде до слободе!
Слободата е неспоредливо поважна од здравјето и нема ни една причина таа да се жртвува за здравјето. Освен ако не планираме да го возобновиме Третиот Рајх.
Навистина е неверојатно со каква леснотија луѓето ја прифатија тезата според која „здравјето е поважно од слободата“?! Таа теза, пак, во основа е тоталитаристичка или уште поточно -Хитлеровска.
Слободата е неспоредливо поважна од здравјето и нема ни една причина таа да се жртвува за здравјето. Освен ако не планираме да го возобновиме Третиот Рајх.
Во тој систем лекарите беа херои,а медицината беше критериум на целокупното општествено живеење.
Таму лекарите го одредуваа количевството на граѓанските слободи, одредуваа колку е некој„болен“и колку со својата „болест“ ја загрозува заедницата.
Тој систем, кој нели, се грижеше за здравјето на нацијата, проголта милиони луѓе. Истото подоцна се случи и во земјите со лев тоталитарен поредок. Погледнете ги лекарските наоди за сите оние коiшто Сталин требаше да ги ликвидира, па сѐ ќе ви стане појасно.
Што сѐ лекарите не мораа да исмислуваат, за да ја задоволат паранојата на Сталин.
Зошто, пак, лекарите ја прифатија таа улога, не ми е јасно?
И како ќе заврши сето ова?
Ја паметите ли сцената од филмот „Битката на Неретва“, во која Бошко, кој ги предводеше тифусарите, скокна во водата со повикот: „Ајмо брачо тифусари, преко воде до слободе“!
(ФБ статус на авторот)