ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ОДНОС Е СПОГОДБЕН Од „Никоб лаб“ велат дека ако некому се нарушени правата може да покрене постапка

Од „Никоб лаб“ појаснуваат дека прекинувањето на работниот однос е извршено врз доброволна основа по принцип на спогодба и е според Законот за работни односи и дека сите биле соодветно информирани.

695

Политиката на Групацијата НИКОБ е да негува коректен однос кон медиумите, запазувајќи ги етичките норми на известување, и смета дека е коректно да се пласираат информации кога ќе се добие релевантна информација од Групацијата. Доколку некој смета дека му се нарушени работничките права, постојат соодветни институции за овој вид постапки, вели Милан Стефаноски од „Никоб лаб“ за порталот „Локално“ во врска со информацијата објавена во медиумите дека без отказен рок и најава и од причини познати само за раководството, лабораторијата оставила на улица над 30 од своите вработени.

– Не коментираме пласирани и тенденциозни невистини, но овој пат ќе направиме исклучок. „Никоб лаб е синоним за квалитет, најдостапна услуга и цени, и со нашето започнување со работа во дејноста, драстично се спуштија цените за тестирањата за ковид-19 дури и за 50%. Инвестираме во персонал, инфраструктура и апаратура која излезе во пресрет на здравствениот систем, но најмногу излеговме во пресрет на граѓаните и нивниот буџет, затоа и сме лидери во тестирањето. Следејќи ја актуелната состојба на пандемијата, олеснувањето на мерките во државата и во соседството, применивме модел на оптимизирање и рационализирање на ресурсите за дел од вработените во административниот сектор кои имаа временски ангажман поради зголемениот обем на работа во борба против пандемијата и задолжителните тестирања за ковид-19 – појасни Стефаноски.






Од „Никоб лаб“ појаснуваат дека прекинувањето на работниот однос е извршено врз доброволна основа по принцип на спогодба и е според Законот за работни односи и дека сите биле соодветно информирани.

– Доколку некој смета дека му се нарушени работничките права, постојат соодветни институции за овој вид постапки. „Никоб лаб“ продолжува непречено со сите услуги кои се во интерес на граѓаните со најдостапни цени, квалитет и брзина и со најраспостранета мрежа во државата. А, Групацијата НИКОБ по сите основи е најголем работодавец во државата со домашен капитал со околу 3000 вработени – велат Стефаноски.

Поврзани содржини