ПРЕКИНАТА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ВРСКА РУСИЈА-КИНА Украинците урнаа клучен тунел на единствената линија што ги врзува Сибир и Азија

Рускиот канал „База“ на Телеграм, кој е поврзан со руските безбедносни служби, соопшти дека во раните утрински часови во четвртокот се запалил резервоар со гориво додека се движел низ тунелот во Бурјатија. Се активирале четири експлозивни направи.

922

Главната и единствена посериозна железничка линија на Русија до Кина остана парализирана откако Украинската служба за безбедност разнесе тунел во руската република Бурјатија, објави новинската агенција РБЦ-Украина цитирајќи неименувани извори. Со уривањето на тунелот отсечена е можноста за транспорт на стоки по железницата долга 4.300 километри кој носи пратки за Азија преку Сибир, пренесува Њузвик.

Пругата позната како БАМ претходно беше реновирана и модернизирана, за што лично се заложил рускиот претседател Владимир Путин за да се зголеми товарниот сообраќај од Кина до Европа. Сега врската е прекината.






Рускиот канал „База“ на Телеграм, кој е поврзан со руските безбедносни служби, соопшти дека во раните утрински часови во четвртокот се запалил резервоар со гориво додека се движел низ тунелот во Бурјатија.

„Веројатно ова беше саботажа“, објави каналот во четвртокот, додавајќи дека нема жртви и дека службеници на ФСБ и полицајци се на местото на настанот.

Службата ФСБ е главната руска државна безбедносна агенција и главен наследник на советската ера КГБ.

Неименуван извор за весникот „Украинска правда“ ја потврди веста велејќи:

– Четири експлозивни направи се активирале за време на движењето на товарниот воз. Сега ФСБ работи на лице место, а железничарите неуспешно се обидуваат да ги минимизираат последиците од специјалната операција на (украинската служба) СБУ.

 

Поврзани содржини