Прекината седницата на двата дома на американскиот Конгрес, големи протести во Вашингтон
Поддржувачите на Трамп организираа протести во земјата, кои се интензивираат. Голема група демонстранти, наводно, се обиделе да упаднат во зградата на Конгресот.
Седницата на двата дома на Конгресот на САД за одобрување на резултатите од претседателските избори беше прекината поради приговорите на републиканците.
Заедничката седница на Сенатот и на Претставничкиот дом на САД за одобрување на резултатите од претседателските избори во ноември беше прекината денеска, откако голем број републикански конгресмени ги презентираа своите забелешки на седницата.
Таквиот развој на настаните се очекуваше и гласањето најверојатно ќе се одржи утре.
Овој состанок на двата Конгресни комори беше пренесуван во живо од американските новински канали. Состанокот беше прекинат неколку минути по почетокот – со објавување на резултатите од изборите за државата Аризона.
Републиканецот Пол Госар, член на Претставничкиот дом од таа држава, се спротивстави на одобрувањето на резултатите од изборите во Аризона. Според него, тој и 60 негови колеги заедно го поднеле приговорот.
– Ние се противиме на пребројувањето на изборните гласови во Аризона – рече Госар.
Во исто време, американската држава Џорџија најверојатно ќе има двајца демократи-сенатори, што ќе и овозможи на партијата да го контролира Горниот дом на Конгресот.
Претседателот Доналд Трамп одбива да ја признае победата, одбивајќи ги резултатите од изборите во Џорџија.
Тој го повика потпретседателот Мајк Пенс да не ја признава победата на демократот Џо Бајден. Сепак, Пенс инсистираше на тоа дека ќе ги искористи своите уставни овластувања.
– Некои веруваат дека како потпретседател треба еднострано да прифатам или да ги отфрлам изборните гласови. Други сметаат дека изборните гласови никогаш не треба да се оспоруваат на заедничката седница на двата дома на Конгресот. По внимателно проучување на нашиот Устав, нашите закони и нашата историја, Верувам дека ниту едно од тие ставови не е точно – наведе Пенс во писмото до американските конгресмени пред заедничкиот состанок.
– Одлучив дека мојата заклетва како потпретседател да се придржувам и да го бранам Уставот не ми дозволува еднострано да утврдам кои изборни гласови треба да се избројат, а кои не – додаде Пенс.
Прегледот на резултатите од тековните претседателски избори во САД од страна на Конгресот на САД би и нанел непоправлива штета на земјата. Предупредувањето го издаде лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, член на партијата на актуелниот претседател Доналд Трамп.
Поддржувачите на Трамп организираа протести во земјата, кои се интензивираат. Голема група демонстранти, наводно, се обиделе да упаднат во зградата на Конгресот.
Тие се судрија со полицијата и успеаја да пробијат голем број заштити околу зградата, но полицијата се обидува да ги спречи.
Whoa: Trump supporters going at it with the police on the steps of the Capitol as Congress counts the Electoral College ballots inside pic.twitter.com/LiQhaa5KkQ
— philip lewis (@Phil_Lewis_) January 6, 2021
Започната евакуација на дел од канцелариите, јавија американски медиуми. На оние во околината им се препорачува да избегнуваат сообраќај.