Прекината потрагата по исчезнатото момче во Преспанско Езеро поради ветер и бранови

Попладнево временските услови за потрага се влошија со засилен ветер и бранови, а градоначалникот на Ресен информираше дека утре изутрина продолжуваат со засилување од единицата за специјални задачи.

1,574

Повеќе од 24 часа трае потрагата по 16-годишното момче од Ресен кое вчера попладне исчезна во водите на Преспанското Езеро. Денеска околу 14 часот во езерото влегоа и 4 припадници на специјалната единица на МВР, тигрите со опрема за нуркање, но нивната двочасовна потрага беше без успех.

Попладнево временските услови за потрага се влошија со засилен ветер и бранови, а градоначалникот на Ресен информираше дека утре изутрина продолжуваат со засилување од единицата за специјални задачи.






– Како резултат на детски игри со педалинка, се удави едно 16-годишно момче од Ресен, навистина е голема трагедија, не само за семејството, за цел град, најискрено сочувство до семејството. Нашето езеро е специфично, овој период кога водата е повлечена отежнато е трагањето, се надевам за многу скоро ќе се извади телото – изјави за Сител, Живко Гошаревски, градоначалник на Ресен.

Поврзани содржини