ПРЕКИН НА ОГНОТ, НО ПОД ЕДЕН УСЛОВ Трамп бара од Иран да го ослободи Орумускиот теснец

Американскиот претседател вели дека Вашингтон ќе размисли за прекин на огнот само ако се обезбеди слободен премин низ клучната поморска рута.

396

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот режим побарал прекин на огнот со САД, додавајќи дека Вашингтон ќе ја разгледа можноста само доколку се обезбеди слободен премин низ Ормускиот теснец.

Трамп, во објава на платформата X, наведе дека барањето дошло од, како што го опиша, „нов претседател на иранскиот режим“, кој, според него, бил помалку радикален и поинтелигентен од неговите претходници.






– Претседателот на новиот ирански режим, многу помалку радикализиран и многу поинтелигентен од неговите претходници, штотуку побара од САД прекин на огнот. Ќе размислиме за тоа кога Ормускиот теснец ќе биде отворен, слободен и прооден. Дотогаш, ќе продолжиме да го ракетираме Иран – рече Трамп.

Тој претходно посочи дека САД би можеле да го напуштат Иран во рок од „две или три недели“, додавајќи дека по таков потег се очекува пад на цените на нафтата.

Американскиот претседател исто така изјави дека Вашингтон нема да се вклучи во обезбедување на преминот низ Ормускиот теснец, нагласувајќи дека земјите зависни од нафта и гас од Блискиот Исток треба сами да се погрижат за безбедноста на поморската рута.

– Што ќе се случи со преминот, ние нема да имаме никаква врска со тоа – изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, додавајќи дека други земји, како Кина и Франција, ќе се погрижат за сопствените интереси.

Поврзани содржини