Прекарот со која принцот Вилијам ја нарекува Кејт ја шокираше јавноста

1,540

Војвотката и војводата од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во последно време се во центарот на вниманието. Иако секогаш привлекувале внимание, сега тоа е уште поинтензивно, со оглед на тоа дека Меган Маркл и принцот Хари отстапија од кралското семејство, но и заради фактот дека кралицата Елизабета целосно се повлече од јавноста заради пандемијата. Сега им се следи секој чекор, што го потврдува фактот дека се уште поинтересни за медиумите, од кога и да е.

Иако својот приватен живот и интима добро ги кријат од очите на јавноста, еден детаљ сепак протекол. Како што пишува британски „Експрес“, познат е прекарот со кој принцот Вилијам ја нарекува Кејт.






Познато е дека за војвотката од Кембриџ многумина ја прозиваат поради тоа што „ништо не работи“,. Имено, нејзиниот прекар е „Duchess of Dolittle“. Иако многумина првично ќе го поврзат прекарот со филмскиот јунак Дулитл, човекот кој можеше да разговара со животните, прекарот во буквален превод би значел „војвотка која малку работи“. Како што пишува спомнатиот медиум, овој прекар веројатно настанал по критиките што ги добила Кејт уште пред да влезе во кралското семејство.

Приказната почнала уште пред да одлучат да се венчаат. Имено, многумина верувале дека Кејт ќе се вработи пред да се омажи. Но, бидејќи заради венчавката со принцот Вилијам таа станала многу популарна, ѝ било тешко да изгради кариера. Иако работела во компанијата „Jigsaw“ и помагала во компанијата на татко ѝ, тоа за јавноста не било доволно, заради што често ја исмевале, тврдејќи дека не е вредна.

Потоа почналe шушкањата дека токму тоа не ѝ се допаднало на бабата на Вилијам, кралицата Елизабета, која наводно во една прилика рекла дека Кејт „не работи многу“, поради што овој прекар многумина го сметаат шокантен. Затоа се поставува прашањето, дали принцот Вилијам со овој прекар го потврдил мислењето на кралицата и открил што, всушност, мисли или едноставно се работи за шегаџиски прекар кој само тие го разбираат?

 

Поврзани содржини