Прехранбената индустрија се стави на располагање, владата со нови мерки за увоз на репроматеријали

Државата ќе ги ослободи од даноци и царини репроматеријалите за прехранбената индустрија и за производство на маски.

683

Прехранбена индустрија е максимално подготвена и се става на располагање на државата. Има залихи од репроматеријали и производи за неколку месеци и очекува навреме да се донесат мерки за набавка на репроматеријали кои се од странство за да нема застој во производството и пласманот на производите до граѓаните. Државата ќе ги ослободи од даноци и царини репроматеријалите за прехранбената индустрија и за производство на маски.

Ова е договорено денеска на средбата на производителите на прехранбени производи, министерите за економија и финансии, како и диркеторите на Цариснката управа и Пазарниот инсепкторат.






– Имаме доволно залихи од сите производи, зависно од производителите од три и повеќе месеци .Се ставаме во служба на земјата и потрошувачите. Нема потреба од паника и да се купуваат непотребни залихи – информира престседателот на Здружението на прехранбената индустрија Ѓорѓи Петрушев.

Тој додаде дека клучно во моментов е да се обезбедат репроматеријали и нивен навремен транспорт.

– Ние сега имаме залихи доволни за  производство, но предвреме сакаме да набавиме нови за да не дојде до прекин на производството. Сега наш предизвик не е да се произведе, проблем е како да се изврши дотур. Се работат меѓудржавни протоколи и се надеваме дека нема да има застој во транспортот. Но, и да има некаков застој тој нема да се почуваствува и нема да има проблеми – рече Петрушев.

Директорот на царинската управа Ѓоко Танасоски  рече дека се контактира со директорите на Царините во рефионот и ЕУ.

– Ние сме целосно подготвени. Но проблем е транспортот и издавањето на здравствени дозволи за транспортерите. Веруваме дека ќе се воспостави рутина и компаниите ќе можат да ги планираат набавките, а камионите навремено да излегуваат и да влегуваат во земјава. Планираме и автономни мерки за зелен коридор за камионите со храна и репроматеријали за прехранбена опрема и медицински потреби. На линија сме со директорите на царините за тоа – рече Танасоски.

Државата, како што рече министерот за економија, планира да донесе нови мерки околу даночни и царински ослободувања на репроматеријалите.

– Денеска најдоцна утре владата ќе ги донесе овие мерки – рече министерот Крешник Бектеши.

Министерката за финасии Нина Ангеловска рече дека покрај најавените мерки за најпогодените сектори во земјава министерството деновиве активно работи на брз поврат на даноците.

Таа рече дека се работи на стратегија за стаблизирање на стопанството по завршување на здравствената криза и се контактира со меѓународните институции. Рече дека бројката на штетите не може да се каже од сега.

– Целото стопанство е погодено, но првите три сектори најпогодени и првиот сет мерки е за нив и плус за другите погодени од мерките на владата. Очекувањата се дека ако се очекува дека државата ќе ги исплати платите за сите, тоа не може да се случи. Бизнисот не го бара тоа според нашите контакти, Мерките се соодветни. Помагање на ликвидноста и даночни олеснувања и плаќања и бескаматни кредити – рече Ангеловска.

Таа појасни дека погодени бисниси оние од трите сектори  угостителство, туризам и транспорт, како и оние кои се погодени поради мерките на владата, но рече таа и сите кои ќе бидат погодени натаму.

– Но, ако се очекува Владата да ги покрие плагтирте на сите вработени, тоа не е можно. Ние треба да обезбедиме ликвидност на државната каса и ликвидност на стопанството. Ние правиме сè да не дојде до поголема криза – рече Ангеловска.

Според неа, се знае колкави ќе бидат штетите за да се проценат краткорочните и долгорочните ефекти од ситуацијата па според тоа ќе се делува.

Директорот на Пазарниот инспекторатот Стојко Пауновски.рече дека  инспекторатот веќе ги има цените од 11 март на сите прехранбени производи и дејствува на терен.

– Цените ќе се вратат на нивото од 11 март. Сите што нема да го почитуваат тоа ќе се соочат со казни според Кривичниот законик членовите 205 и 206. Казните според овие членови се од 5.000 евра – рече  Пауновски.

Поврзани содржини