Прегрнати и многу вљубени: Доказ дека Џеј Ло и Бен Афлек се повторно заедно ФОТО

606

Старо-новата двојка повеќе не ја крие својата романса и ужива во секој момент поминат заедно.

Феноменот „Бенифер“, како што многумина ја нарекуваат оваа двојка, го привлекува вниманието на светската јавност каде и да се појави. Тоа било и случајот вчера, кога папараците ги фотографирале Џенифер и Бен во западен Холивуд, во близина на еден луксузен хотел.






Тие шетале заедно, прегрнати, насмеани и среќни.

Анонимен извор за таблоидот „Пејџ сикс“ рекол дека тие полека ја обновуваат својата врска, но дека Џеј Ло и Бен „децата ги ставаат на прво место“.

Џенифер Лопез од бракот со пејачот Марк Ентони ги има близнаците – Ема и Макс, додека Бен со актерката Џенифер Гарнер има три деца – Вајолет, Семјуел и Серафина Роуз.

За потсетување, Афлек ја запроси Џеј Ло во 2002 година, но двојката ја одложуваше венчавката сè до 2004 година кога официјално се раздели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZoomPanama (@zoompanama)

Поврзани содржини