ПРЕГОВОРИТЕ ВО ОВАА ФАЗА НЕМААТ СМИСЛА Лавров вели дека Украинците не заслужуваат сериозно внимание

Тие (Украинците) едноставно не се способни да артикулираат ништо што заслужува сериозно внимание на сериозни луѓе. Преговорите за мир во оваа ситуација немаат никаква смисла, изјави Лавров.

171

Русија ја отфрла идејата за продолжување на мировните преговори со Украина и го обвини Киев дека „не заслужува сериозно внимание од сериозни луѓе“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека мировните преговори претходно „докажале дека Украина нема желба искрено да преговара“.






– Тие едноставно не се способни да артикулираат ништо што заслужува сериозно внимание на сериозни луѓе. Преговорите за мир во оваа ситуација немаат никаква смисла – наведе Лавров.

Тој додаде дека мировни преговори помеѓу Русија и Украина последен пат се одржани пред неколку месеци, но целосно се прекинати во април.

Поврзани содржини