ПРЕГОВОРИТЕ ОДЛОЖЕНИ ЗА УТРЕ Уште сме на пат до Турција, имавме логистички тешкотии

Сè уште сме на пат. Поради логистички тешкотии, нашето пристигнување се очекува прилично доцна … Тие (руската делегација) полетаа пред половина час, ќе пристигнат околу 21 часот, посочи шефот на украинската делегација.

324

Следната рунда преговори меѓу Украина и Русија ќе почне утре во Турција, изјави Давид Арахамија, член на украинската делегација и шеф на пратеничката група на владејачката партија Слуга на народот.

– Сè уште сме на пат. Поради логистички тешкотии, нашето пристигнување се очекува прилично доцна … Тие (руската делегација) полетаа пред половина час, ќе пристигнат околу 21 часот – посочи Арахамија.






Тој додаде дека преговорите утре ќе започнат во 10 часот.

Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е малку веројатно дека преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина во Истанбул нема денеска да почнат и се очекува тие да продолжат во вторник.

Поврзани содржини