ПРЕГАЗИЛ ЖЕНА И ПОБЕГНАЛ Тешко повредена е 67-годишна штипјанка
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.К., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.
Вчера во 13 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. Сутјеска во Штип, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки удрило во пешакот Ц.К.(67) од Штип, по што возачот со возилото го напуштил местото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).