ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК, ПА ГО ОДНЕЛ ДО ДОМА На 72-годишник му биле констатирани тешки повреди во Градска болница

Возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди, се вели во полицискиот билтен.

474

Возач прегазил 72-годишник во Скопје по што го превел до неговиот дом, но подоцна на прегазениот му биле констатирани тешки повреди во болница, информираше МВР.

„На 24.02.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. Живко Фирфов и ул.Иван Хаџи Николов во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје, по што возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди“, се вели во полицискиот билтен.






Ова е втор случај на прегазување во Скопје во последните 24 часа. Синоќа околу 23 часот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов 52-годишен пешак беше повреден откако во него удри „волво“ кое претходно се забило во семафор.

52-годишен пешак бил тешко повреден откако во него удрило возило „волво“, чиј возач избегал од местото на несреќата.

Несреќата се случила вчера околу 23 часот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.

Поврзани содржини