ПРЕГАЗЕНИ ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ВО СКОПЈЕ Во нив удрил 76-годишен возач

Синоќа во населбата Ченто П.Н.(76) од Скопје со патничко возило удрил во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години, кои се здобиле со тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

912

Возач на возраст од 76 години прегазил две девојчиња вчера во Скопје во населбата Ченто. Децата се повредени и се лекуваат во болница.

„На 4.10.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Товарник во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(76) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години, двете од Скопје.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

 

Поврзани содржини