ПРЕГАЗЕН МАЖ ПРЕД МОСТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Во него удрило БМВ
По увидот ќе се знаат повеќе информации во врска со идентитетот на починатиот човек.
Маж е прегазен денеска пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Во него удрило возило БМВ Х5 со кумановски регистарски таблички.
Нема точни информации за возраста на прегазеното лице. Неофицијално, тој не поминал на пешачкиот премин туку неколку метри подолу и веројатно тоа е причината поради која возилото не можело да запре и удрило веднаш во него.
– Денес во 11,25 часот било пријавено дека на бул. Гоце Делчев патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки удрило во пешак. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Во моментов се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје – нѐ информираат од МВР.
Полицијата го обезбедува местото и го регулира сообраќајот, а присутна е и Итната помош.
По увидот ќе се знаат повеќе информации во врска со идентитетот на починатиот човек.