ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗАЕДНО СО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ Груби тврди дека ДУИ нема ништо против

ДУИ како дел од оваа коалиција го поддржува силно парламентарното мнозинство и владината коалиција и овде сме да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им требаат авантури, им треба одговорна, социјална Влада, која ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања, рече првиот вицепремиер Артан Груби.

1,216

ДУИ, како учесник во оваа владина коалиција смета дека предвремени парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година, заедно со претседателските избори, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

– ДУИ како дел од оваа коалиција го поддржува силно парламентарното мнозинство и владината коалиција и овде сме да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им требаат авантури, им треба одговорна, социјална Влада, која ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања – рече Груби.






Според него, оваа Влада не сака Македонија да отстапи од НАТО и од ЕУ, да ги наруши односите со Косово, не признавајќи ја независноста на Косово, да ги наруши односите со Република Албанија и односите со нашиот сосед Грција, нарушувајќи го Преспанскиот договор, како и нарушувајќи ги односите со Република Бугарија укинувајќи го Договорот за добрососедство, но и да ги наруши односите меѓу Албанците, Македонците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, но и сите граѓаните во нашата земја, укинувајќи го мировниот Охридски договор.

Поврзани содржини