📷 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ТУРИСТИТЕ НА ЈАДРАНСКО МОРЕ Наезда од планктонски полжави, не се гледаат, ама боцкаат и чешаат

Планктонските полжави крезис не се опасни за капачите, но може да бидат непријатни бидејќи поради својата форма понекогаш може да боцкаат, а често се заглавуваат и во костими за капење - велат од словенечкиот Национален институт за биологија.

1,638

На Фејсбук страницата на словенечкиот Аквариум Пиран, експерт од Универзитетот во Приморска објави предупредување дека во Јадранското Море има наезда од малите животни кои можат да предизвикаат непријатност кај капачите додека пливаат.

– Во морето, овие денови може да се видат светло розови облаци од ситни иглички, бидејќи повторно се намножија малите планктонски полжави крезеис (𝘊𝘳𝘦𝘴𝘦𝘪𝘴 𝘢𝘤𝘪𝘤𝘶𝘢). Затоа, ако чувствувате благо пецкање и чешање додека пливате, тоа е поради нивните игличести крлушки, долги околу еден сантиметар. Вака ги гледаме под микроскоп – пишува во објавата во која е објавена и зголемена фотографија од овие ситни организми кои тешко се забележуваат со голо око.






Словенечката веб-страница Метрополитан наведува дека планктонските полжави крезис се хранат така што фрлаат долги прамени на слуз во морето како рибарска мрежа, а потоа со неа ги вовлекуваат уште помали планктони во устата.

Словенечкиот Национален институт за биологија објасни дека овие организми ја сакаат топлината, а во словенечкиот дел на Јадранското Море ги донеле струите од неговите јужни делови.

– Не се опасни за капачите, но може да бидат непријатни бидејќи поради својата форма понекогаш може да боцкаат, а често се заглавуваат и во костими за капење – велат од институтот.

Поврзани содржини