ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР И МНОГУ ДОЖД Невреме за викендот, од понеделник утрински студ
Наместа врнежите утре ќе бидат со количина над 30 литри на квадратен метар во период за 24 часа. Ќе има услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер од јужен правец, со брзина од над 60 киометри на час.
Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за силен ветер и за локален, но обилен дожд.
Наместа врнежите ќе бидат со количина над 30 литри на квадратен метар во период за 24 часа. Ќе има услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер од јужен правец, со брзина од над 60 киометри на час.
Најстудено утро ќе биде во Маврово, со температура до 5 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија, со дневна температура до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.
И за следните денови УХМР издаде предупредување.
До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во понеделник и во вторник утринските температури значително ќе опаднат.
Во Скопје, до недела ќе се задржи променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во сабота во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи.
