ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ЗА ОБИЛЕН ДОЖД Заладувањето ќе донесе снег и на планините и во градовите

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места, најавува УХМР.

3,938

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за силен ветар и за обилен дожд во речиси целата држава.

„Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места“, се вели во предупредувањето од УХМР.






Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура до минус 2 степени, а најтопло во Гевгелија, каде дневната температура ќе достигне 10 степени.

Фото: УХМР

 

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. На планините во западните делови од Македонија ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни.

Температурата ќе биде во опаѓање.

Фото: УХМР

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа. Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.

Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.

Поврзани содржини