ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА СЕ ОСТВАРИЈА Страшно невреме зафати делови на Грција (ВИДЕО)

Страшна снимка доаѓа од островот Андрос, каде улиците се целосно поплавени, додека на популарниот остров Миконос е снимена грмотевица.

1,545

Силно невреме зафати одредени делови на Грција. Во таа земја се најавуваат многу обилни врнежи и грмежи, како и опасност од поплави и порои.

Циклонот со голема надморска височина го помести својот центар над Грција.






Страшна снимка доаѓа од островот Андрос, каде улиците се целосно поплавени, додека на популарниот остров Миконос е снимена грмотевица.

Невремето го зафати и Санторини, каде автомобилите останаа заробени во невремето и калта на улиците.

Обилни врнежи го погодија и островот Тинос. Вчера туристите во Грција на социјалните мрежи објавија дека операторите им праќале пораки на мобилните телефони со предупредување дека ќе има невреме.

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА Властите со СМС пораки ги известуваат туристите да бидат внимателни (ФОТО)

Поврзани содржини