ПРЕДНОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ЗА ОВЧАРИТЕ Близу 360.000 евра исплатени за нивните плати
Парите се доделуваат во сооднос едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда. Максималниот износ на исплатени средства е до 360.000 денари од вработен и за не повеќе од 20 вработени.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствотои руралниот развој на сметките на 41 субјект исплати близу 22 милиони денари (близу 360.000 евра) за плата за овчарите.Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите регистрирани земјоделски стопанства кои се стекнале со право за добивање на ваква поддршка.
– Финансиската поддршка за оваа мерка е исплатена на сите сточари кои во период од една година не го намалиле бројот на вработени. Фармерите кои стоката ја напасуваат или чуваат на на надморска висина над 700 метри, односно регистрираните одгледувачници се наоаѓаат во населени места со надморска висина над 700 метри добија поддршка од 100% од просечната плата во дејноста за период ноември 2018 до декември 2020 година. Оние фармери кои стоката ја напасуваат или чуваат на надморска висина под 700 метри добија помош од 60 % од просечна месечна нето – плата во секторот – информира Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски
Парите се доделуваат во сооднос едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда. Максималниот износ на исплатени средства е до 360.000 денари од вработен и за не повеќе од 20 вработени.