ПРЕДНОСТА НА ДОЕЊЕТО Со едукативни и забавни активности dm ја одбележа Светската недела на доење

Компанијата ДМ уште еднаш успешно ја одбележа Светската недела на доењето, со настани и активности кои предизвикаа голем интерес и привлекоа многу заинтересирани мајки и трудници, но и допреа до многу луѓе кои сакаа да се информираат и да дознаат повеќе за оваа тема.

37

Под мотото „Предноста на доењето“ оваа година dm drogerie markt ја одбележа Светската недела на доење и организираше низа на едукативни и забавни настани за трудници и за сите кои се заинтересирани да научат нешто повеќе за мајчинството и бременоста.

Активностите беа организани заедно со „Доење со љубов“, „Бебелогија – школата за трудници и доење“ и „Доилка – љубов во секоја капка“, а се одржуваа во периодот од 1 до 7 август.






Светската недела на доењето е дел од глобалниот календар на важни датуми на Светската здравствена организација (СЗО). Тој секоја година се одбележува низ повеќе од 120 земји низ светот, со цел да го промовира безбедното доење и да ја подигне свеста за женското и детското здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Неделата на доењето започна со интеракција на профилите на социјалните мрежи на dm drogerie markt, “Доење со љубов”, “Бебелогија” и “Доилка”, каде секојдневно се поставуваа корисни содржини, едукативни видеа, совети за мајчинство и доење, како и материјали кои можат да се преземат и ексклузивни нови содржини.

Од 1 до 4 август секоја мајка, идна мајка или пак секоја заинтересирана личност која сакаше да дознае нешто повеќе можеше да најде насоки и препораки за бременоста и доењето, да добие поддршка и да се почувствува како да е дел од заедница која навистина се грижи за неа.

На 5 август во КСП Центар-Јадро свечено беше отворена изложбата на фотографии „Во меѓувреме дојам“, која претставува визуелно сведоштво за доењето во сите негови форми и емоции.

А во следните денови, од 5 до 7 август, во просториите на КСП Центар-Јадро се одржуваа едукативни сесии во присуство на доктори и експерти, каде што можеше да се научат важни информации за физичкото и психичкото здравје во текот на бременоста и пост-породилниот период, техники на доење, методи за лактација и низа на корисни информации за мајчинството. Во текот на овие три дена беше создаден безбеден и интимен простор за отворени разговори, споделување на искуства и прашања поврзани со бременоста, породилното здравје и доењето.

Присуството на настаните организирани во КСП Центар-Јадро беше потребно да се пријави преку онлајн регистрација, со која следуваше и мал подарок и топло изненадување за секој пријавен.
dm drogerie markt уште еднаш успешно ја одбележа Светската недела на доењето, со настани и активности кои предизвикаа голем интерес и привлекоа многу заинтересирани мајки и трудници, но и допреа до многу луѓе кои сакаа да се информираат и да дознаат повеќе за оваа тема.

 

 

 

Поврзани содржини