ПРЕДМЕТОТ „ПУЛС“ КАЈ СУДИЈКАТА ДИАНА ГРУЕВСКА ИЛИЕВСКА Таа го ослободи Заев за „Поткуп“, а судеше и за Ласкарци и за „Сопот“

Согласно АКМИС – системот предметото е распределен на понатамошно постапување кај судијката Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни – информираше денеска Основниот кривичен суд Скопје.

1,080

Предметот со К.бр. 1872/25, поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за кој обвинителниот акт денеска беше одобрен во целост, согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијката Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни – информираше денеска Основниот кривичен суд Скопје.

„Станува збор за судијка со 19-годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17-годишен стаж како стручен соработник. За сите понатамошни процесни дејствија поврзани со конкретниот предмет, јавноста и странките ќе бидат благовремено известени“ – се вели во информацијата од Основниот кривичен суд Скопје.






Илиевска е позната по повеќе високопрофилни случаи кои ги судела, како што е трагедијата кај Ласкарци, случајот за новинарот Томислав Кежаровски, предметот „Сопот“, убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров, но и случајот „Поткуп“ каде обвинет беше Зоран Заев, а потоа ослободен од обвинението.

СУДОТ ГО ОДОБРИ ВО ЦЕЛОСТ ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Било исклучително тешко да се лоцираат сите 37 обвинети

Поврзани содржини