Предметот „Кампања“ против Љубе Бошкоски повторно се враќа во судница
Еден од аргументите е пресудата на судот од Стразбур донесена на 4 јуни лани со која беше констатирано дека на Бошковски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикувањето и испитувањето сведоци.
Судењето „Кампања“ за Љубе Бошковски се враќа на повторно судење.Една деценија по апсењето пред ресторанот „Воденица“, поранешниот лидер на Обединети за Македонија повторно ќе седне во Кривичниот суд, но сега уверен во ослободителна пресуда и надомест за петте години поминати во КПУ Идризово.
Адвокатскиот тим на Бошковски, Дончо Наков и Драган Гоџ,о потврдува дека Советот на Кривичниот суд донел одлука за повторување на судскиот процес.
Еден од аргументите е пресудата на судот од Стразбур донесена на 4 јуни лани со која беше констатирано дека на Бошковски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикувањето и испитувањето сведоци.
Бошковски за Сител вели дека одлука сè уште не добил, но дека очекува судењето да почне од почеток и во фер постапка да докаже дека не е виновен.
Тој беше приведен ден по изборите во 2011 кога по следењето со пи мерки беше наводно фатен со кеса полна пари. Во 2017 година од страна на СЈО беше поднесено обвинение за тортура и нечовечно постапување при апсењето на Бошковски во случајот „Кампања“.