ПРЕДЛОЖЕНО Е РАЗРЕШУВАЊЕ ЗА ВИШИОТ ОБВИНИТЕЛ ХАЈРУЛАХИ Обвинителот Цветановски е казнет со помала плата

Според одлуката на Комисијата, двајцата обвинители „намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки“ при извршувањето на својата функција.

512

Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведени две дисциплински постапки, утврди дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител, Јован Цветановски, од истата институција сториле тешки дисциплински повреди, согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.

Според одлуката на Комисијата, двајцата обвинители „намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки“ при извршувањето на својата функција.






Во една од постапките, јавен обвинител од ВЈО Скопје е прогласен за одговорен поради нестручно и несовесно постапување во четири предмети, каде се откажал од жалба или обвинение. Како дисциплинска мерка, му е изречено намалување на платата за 30% во период од шест месеци од правосилноста на решението.

За Вишиот јавен обвинител биле водени две одвоени дисциплински постапки. Во едната, Комисијата утврдила неправилности во начинот на заведување на предметите, а во другата – донесување нестручни одлуки во три случаи. Обвинителот ги одобрил тие одлуки, откако предметите му биле реферирани.

Врз основа на овие наоди, Комисијата донесе одлука да поднесе предлог до Советот на јавни обвинители за разрешување на Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје.

Во однос на дополнителен навод за повреда поврзана со нарушување на угледот на Јавното обвинителство, Комисијата оцени дека постои застареност на предлогот и по тој основ не постапуваше.

Инаку, и Хајрулахи и Цветановски тврдат дека нема основа за дисиплинска постапка против нив.

„Војната“ помеѓу државниот обвинител и вишите обвинители почна откако Хајрулахи јавно го обвини државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски дека му врши директен притисок каква одлука да донесе Вишото обвинителство во предметот Бонуси за СЈО, откако подносителот на пријавата, ВМРО-ДПМНЕ поднел жалба на претходната одлука на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

ПОРАДИ БОНУСИТЕ ВО СЈО, КОЦЕВСКИ ГО КРШИ ЗАКОНОТ ВО АПСУРДНА ПОСТАПКА Обвинителите Хајрулахи и Цветановски тврдат дека нема основа за нивна дисциплинска одговорност

ЧУДО ВО ШТИПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО Јавна обвинителка се клонирала и испитувала четири сведоци во исто време?!

Поврзани содржини