ПРЕДЛОЖЕНИ НОВИ КОВИД МЕРКИ На работа во јавниот сектор со вакцинација и ПЦР тест на нивен трошок
Имаме уште една мерка, препорачуваме вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници. Исто така препорачуваме на овие мерки да се приклучат и приватните компании, рече Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека по разговорот со Комисијата за заразни болести да достават предлог до владата сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, јавните инситуции да се воведат нови мерки одење на работа на овие вработени.
– Потребно е тие прикажат сертификат за примена најмалку една доза или негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или ќе имаат потврда за прележан ковид-19 не постара од 45 дена, како и потврда од лекар-специјалист дека вакцината не може да ја примат поради ретки имунолошки состојби за што ќе биде составена соодветна листа на болести, како и листа на специјалисти кои ќе може да ги издаваат – рече министерот.
Тој препорача до овие мерки да се приклучат и приватните компании, затоа што од Сојузот на стопански комори пристигнало писмо со слични барања, а се со цел да се заштита производствените капацитети и целиот економски процес во земјата.
– Имаме уште една мерка, препорачуваме вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници. Овие мерки предлагаме да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои владата за граѓаните да имаат временски период да се вакцинираат, како и период од 30 дена да дадеме на оние 20 до 30 проценти здравствени работници кои сè уште не се вакцинирани – изјави Филипче.
Процесот на контрола, истакнува министерот, од страна на сите инспекторати, МВР, побара да биде ажуриран, притоа додавајќи дека постојат електронски алатки, затоа што европските сертификати може да се преземат на сите видови паметни телефони, а притоа постои апликација којашто го покажува соодветниот КјуАр код, како и апликација која ја контролира валидноста на кој КјуАр код.
– Тие две апликации се мкволет и мк.верифај кои се достапни за Андроид и иОС телефони, а со тоа ќе се избегне фалсификувањето на сертификатите. Ова е една мерка со којашто значајно ќе се зголеми бројот на вакцинирани лица – рече Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали тие што нема да бидат вакцинирани во одредениот временски период, дали на овие лица ќе им биде забрането да влезат на работното место или ќе бидат казнети, Филипче рече дека казнените мерки кои ќе се однесуваат на физичките и на правните лица кои треба да ги спроведуваат ќе бидат дискутирани на следната владина седница.