ПРЕДЛОГОТ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕ Владата на друга адреса ја проследи преговарачката рамка
За вечерва не е планирана седница.
На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието жна разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на РС Македонија, соопшти владината прес-служба.
Согласно со процедурите, посочува собраниската прес-служба, материјалот ќе се достави до пратениците и за натамошно постапување соодветно и наврмено ќе биде објавена информација.
Имајќи ги предвид шпекулациите, потенцираат дека за вечерва не е планирана седница.
„Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информирани“, велат од собраниската прес-служба.