Предлог-буџетот за следната година на владина седница
Владата ќе расправа и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард и Предлог-законот за дополнување на Законот за студентскиот стандард.
Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на буџетот по скратена постапка ќе бидат разгледани на владината седница која ќе се одржи вечерва со почеток во 18 часот.
Владата, акко штое е соопштено, ќе го разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард и Предлог-законот за дополнување на Законот за студентскиот стандард.
На седницата Владата ќе ја разгледа и Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на овластените службени лица во шумската полиција.