🎥 ПРЕДИЗВИКУВАЧКИ ЗА ТИЕ ШТО ИМААТ СТРАВ ОД ВИСОЧИНА Орце Симов се снимаше како се симнува од Телекомуникациската кула на Водно
Симов објави видео снимка од симнувањето од кулата при што покажа дека наишол на неколку недостатоци кои треба да се отстранат. На едно место недостига уште еден ред ограда, на друго место недостига платформа за газење, итн.
Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов, објави дека телекомуникациската кула на Водно е во завршна фаза.
На својот профил на Фејсбук тој објави неколку фотографии и видеа.
„Телекомуникациска кула во завршна фаза. За 10 дена кранот треба да биде симнат. Остануваат неколку ситници и приклучокот за електрична енергија со ЕВН“, напиша Симов.
Телекомуникациската кула на Водно треба да биде висока 155 метри, што е околу два и пол пати повисоко од Милениумскиот крст. Почна да се гради во 2013 година. Идејата на проектот беше да се изгради посебен антенски систем за контрола на радиофреквенции, како и да биде атракција за туристи и ново обележје на Скопје.
Во дизајнот се предвидени и ротирачки простории. Еден круг на платформата се врти за еден час.