ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР СО ШОК-БОМБА ВО КАПИШТЕЦ Полицијата го расчистува случајот
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил изгаснат и нема повредени лица. Полициски службеници излегле на местото и пронашле делови од шок - бомба.
Во Секторот за внатрешни работи – Скопје, вчера во 17.12 часот било пријавено дека на улица Козара во скопски Капиштец, две лица фрлиле експлозивна направа, по што настанал пожар на сува трева.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил изгаснат и нема повредени лица. Полициски службеници излегле на местото и пронашле делови од шок – бомба.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.