ПРЕДАВНИЦИТЕ И ЃУБРИЊАТА ИЗЛЕГУВААТ НА ВИДЕЛИНА Песков зборуваше за „самочистењето“ на Русија

Многу луѓе се разоткрија, како што велиме на руски, како „предавници“. Тие исчезнуваат од општеството. Некои луѓе ги напуштаат своите места, некои го напуштаат активниот работен век, некои ја напуштаат земјата и се преселуваат во други држави. Така се одвива чистењето, рече Песков.

848

Кремљ денеска објави дека многу луѓе во Русија се разоткриваат како „предавници“ и го впери прстот кон оние кои поднесуваат оставки и ја напуштат земјата. Портпаролот Дмитриј Песков, ја даде оваа изјава ден откако претседателот Владимир Путин упати строго предупредување до руските „предавници и ѓубриња“ за кои рече дека Западот сака да ги искористи како „петта колона“ за уништување на земјата.

Тој се осврна на вчерашниот коментар на Путин дека Русија ќе претрпи природно и неопходно „самочистење“ бидејќи луѓето ќе можат „да ги разликуваат вистинските патриоти од ѓубрињата и предавниците“.






– Во вакви тешки времиња… многу луѓе го покажуваат своето вистинско лице. Многу луѓе се разоткрија, како што велиме на руски, како „предавници“. Тие исчезнуваат од општеството. Некои луѓе ги напуштаат своите места, некои го напуштаат активниот работен век, некои ја напуштаат земјата и се преселуваат во други држави. Така се одвива чистењето – изјави Песков.

Поврзани содржини