ПРЕД СРЕДБАТА СО ТРАМП ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ РАЗГОВАРА СО ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ Подготвителен состанок пред клучниот разговор
Неколку европски лидери се присутни во Вашингтон за да ја поддржат позицијата на Киев, откако Трамп ја повика Украина да прифати отстапки по самитот со Путин во Алјаска во петокот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со европските лидери присутни во Вашингтон денеска, пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Европската Комисија.
Тоа ќе биде „подготвителен состанок“ што ќе се одржи пред средбата на Зеленски со американскиот претседател во Белата куќа..
Според Зеленски, Русија не треба да биде наградена за нејзината инвазија на Украина.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин ќе изврши убиства, за да го одржи притисокот врз Украина и Европа и да ги понижи дипломатските напори“ напиша Зеленски на Фејсбук и ја повикува Русија да ја прекине војната што ја започна.
Неколку европски лидери се присутни во Вашингтон за да ја поддржат позицијата на Киев, откако Трамп ја повика Украина да прифати отстапки по самитот со Путин во Алјаска во петокот. Самитот не успеа да постигне договор за прекин на огнот во Украина.
На состанокот со Зеленски се очекува да присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџија Мелони, британскиот премиер Кир Стармер, финскиот претседател Александар Стаб, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.