ПРЕД СЕДУМ ГОДИНИ ЈА ПРЕДВИДЕЛ ОВАА ПОБЕДА НА АРГЕНТИНА „Пророкот“ дури и го погодил точниот датум!?

Една година после трагичниот пораз во финалето на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, кога Аргентина со Меси загуби од Германија со 0-1 по продолженија, Поланко напишал дека „гаучосите“ ќе ја освојат светската титула на 18 декември 2022 година!

696

Аргентинецот Хосе Мигел Поланко уште пред седум години, во 2015 година, предвидел дека „гаучосите“ ќе ја освојат светската титула на 18 декември 2022 година и се прослави како нов Нострадамус.

Поланко од 2002 година не пропушта Светско првенство, откако во Јапонија и Јужна Кореја станал огнен навивач на „гаучосите“ на осум години и не пропушта нивни настапи.






Аргентина дури 36 години, уште од Мексико во 1986 година чекаше на светска титула, некој да го достигне големиот Диего Марадона и тоа успеа вечерва да го направи Лионел Меси. На својот петти Мундијал, последен за него во кариерата, Меси стигна до највредниот пехар за Аргентина да експлодира од радост.

А Поланко една година после трагичниот пораз во финалето на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, кога Аргентина со Меси загуби од Германија со 0-1 по продолженија, предвиде како Нострадамус дека „гаучосите“ ќе ја освојат светската титула на 18 декември 2022 година!

И после седум години од неговото пророштво, кое како „пин твит“ стои на твитер профилот, се исполни. Сега неговиот твит се споделува масовно на Твитер.

Сепак, постои можност приказната за Пророкот Поланко, да е добро изведена практична шега, но како и да е, неговиот твит стана вирален на социјалните мрежи.

Поврзани содржини