ПРЕД ПРОТЕСТОТ СЕ СРЕТНАА СО МИНИСТЕРОТ Меџити искажал разбирање за барањата на лицата со дијабет
Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, истакнал министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест.
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Меџити, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат.
– Како што информираше министерот на состанокот утрово, ги преземаме сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита за нив е приоритет, а Министерството секогаш ќе биде нивни партнер, се неведува во соопштението.
Денеска е реализирано едно од нивните клучни барања. Потпишана е одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти.
-Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, таа требала да се почне уште во декември од претходното раководство, истакнал Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест.
Министерот информираше и дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина, посочуваат од МЗ.