ПРЕД НОВА ГОДИНА КАКО ПРОЛЕТ Температурата ќе достигне до 17 степени
Во Скопје, минималната температура денеска ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Забележителен пораст на температурите, сончево и релативно топло не очекува во текот на денешниот ден. По одделни котлини ќе има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени – информираат од УХМР.
Во Скопје преку денот сончево со слаб северен ветер, а во попладневните часови ќе има појава на магла, Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.