ПРЕД СВОЈАТА СМРТ Принцезата Дијана открила што мисли за Чарлс како иден крал

Две години пред трагично да почине, принцезата Дијана зборувала за неговата способност како иден крал.

2,080

Пред крајот на својот живот, принцезата Дијана не била воодушевена од идејата Чарлс да стане крал. Во интервју за „Би-би-си Панарома“ во ноември 1995 година, две години пред трагично да почине, принцезата Дијана зборувала за неговата способност како иден крал.

Во текот на интервјуто за „Панорама“, новинарот Мартин Башир ја прашал Дијана: „Дали мислите дека би имало повеќе смисла, со оглед на брачните тешкотии што ги имате вие ​​и принцот од Велс, круната директно да му се предаде на вашиот син Вилијам?“






Принцезата Дијана одговорила: „Па, тогаш мора да видите дека Вилијам е многу млад во моментот, па дали сакате таков товар на неговите рамена на таа возраст? Така што не можам да одговорам на тоа прашање“.

Во тоа време Вилијам имаше 13 години.

Башир дополнително ја притиснал принцезата и ја прашал дали сака принцот Вилијам да ја наследи кралицата кога ќе стане полнолетен.

Дијана била многу одмерена и рекла: „Мојата желба е мојот сопруг да најде душевен мир. а од тоа произлегуваат и други работи, да“.

 

Поврзани содржини