ПРЕД НАС СЕ ДОЖДЛИВИ И ВЕТРОВИТИ ДЕНОВИ Утринската температура ќе расте

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во четврток и во сабота кога ќе преовладува стабилно време, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

502

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.






Утринската температура ќе биде во пораст. Најстудено ќе биде во Маврово, каде ќе се спушти до 6 степени, а највисока дневна температура се очекува во Скопје и во Гевгелија, до 19 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

 

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во четврток и во сабота кога ќе преовладува стабилно време.

Во петок и во сабота ќе дува засилен ветер од југозападен правец, а од недела од јужен правец.

Фото: УХМР
Поврзани содржини