ПРЕД НАС Е ВИКЕНД СО НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ Еве кога се очекува разведрување

Во понеделник ќе се задржи слична временска слика со повремени локални врнежи, но од вторник се очекува постепено стабилизирање на времето и разведрување.

188

Жителите на Македонија во наредните денови ќе се соочат со променливо облачно и нестабилно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд и грмежи.

Според најавите на синоптичарите, на одредени места процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.






Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината ќе преовладува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Постои можност за изолирани случаи на град.

Ваквата нестабилна атмосфера ќе продолжи и за време на викендот. Очекувано е променливо облачно време со чести врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси, особено во попладневните часови, кога се можни краткотрајни но силни врнежи, силен ветер и појава на град.

Во понеделник ќе се задржи слична временска слика со повремени локални врнежи, но од вторник се очекува постепено стабилизирање на времето и разведрување.

Метеоролозите апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено, особено за време на интензивните врнежи и силните ветрови, како и да внимаваат на можноста за град кој може да предизвика материјални штети.

Поврзани содржини