КОЛКУ ЗНАЕТЕ ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ? Да се потсетиме на најзначајниот настан во историјата на христијанството

Пред нас е Велигден, најголемиот христијански празник. Без оглед дали сте верник или не, или сте од друга вероисповест, треба да се знае оваа уникатна приказна, која е повод за празнување на огромната жртва на Исус Христос и на вербата во животот после смртта. Еве 15 прашања на оваа тема. За секое прашање има 4 понудени одговори, од кои само 1 е точен. Илустрациите ги креиравме со помош на ChatGPT. Поучно и забавно.

495

КЛИКНИ НА ПОЛЕТО НА ЕДЕН ОД ПОНУДЕНИТЕ ОДГОВОРИ

1 / 15

Исус Христос не е единствениот што воскреснал. Особено интересно е воскресението на еден негов пријател, кого самиот Исус го воскреснал пред очите на многу луѓе, и тоа четири дена откако бил во гробот. Кој е тој пророк?

2 / 15

Исус Христос своето детство и младоста ги минал во еден град, каде што од татко му Јосиф го научил и дрводелскиот занает. Кон името Исус често се придодава и името на тој град. Па се вели:

3 / 15

На неговото последно патување во Ерусалим, Исус Христос, покрај неговата мајка, го придружува и уште една жена. По Христовото воскресение, таа жена, благослувајќи го Христа, допатувала во Рим. На царот Тиберие му дала црвено јајце и прв пат го изговорила христијанскиот поздрав „Христос воскресе“. Таа жена е:

4 / 15

Исус во Ерусалим влегол качен на:

5 / 15

Веќе познат пророк, Исус Христос во Ерусалим бил дочекан како месија. Во градот тогаш имало помеѓу 300.000 и 400.000 луѓе, бидејќи Исус пристигнал токму за време на еден голем празник. Тој празник се вика:

6 / 15

Тајната вечера, или Последната вечера, е еден од најинтересните настани што според преданијата се случил непосредно пред апсењето и погубувањето на Исус. На собирот, тој најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде погубен. Последниот оброк што тој го споделил со своите ученици бил:

7 / 15

Под сомнение дека подготвува бунт како самопрогласен цар, Исус Христос бил уапсен во тајност, за да се избегнат нереди. Го предал едел од неговите 12 апостоли. Тој апостол бил:

8 / 15

Исус Христос на смрт го осудил управителот на римската провинција Јудеја. Управителот се викал:

9 / 15

По апсењето на Исус Христос во Ерусалим, Римјаните ги прогонувале неговите апостоли. Од него се откажал и апостолот за кој се сметало дека му е најверен. Но, Исус го предвидел тоа и му рекол: „Те уверувам дека токму ти, уште ноќва, пред второто пеење на петлите, трипати ќе се откажеш од Мене!“ За кој апостол станува збор?

10 / 15

Денот кога бил распнат Исус, христијаните го сметаат за најтажниот ден и тогаш е најстрог пост. Тој ден е:

11 / 15

Исус Христос бил распнат на крст, на рид надвор од ѕидините на Ерусалим. Тој рид се вика:

12 / 15

Има повеќе теории за тоа на која возраст починал, па воскреснал Исус Христос. Најрапространетото мислење е дека имал:

13 / 15

Мртвиот Исус Христос бил погребан во една пештера, но неговите следбеници го нашле гробот празен, третиот ден по закопот. Во следниот период, пред да се вознесе на небото, Исус им се укажал на многу луѓе. За колкав период станува збор?

14 / 15

Првиот и единствен меѓу Христовите апостоли кој не поверувал во воскреснувањето на Синот Божји бил апостолот кој го добил прекарот „неверен“. Кој бил неверниот апостол?

15 / 15

По вознесувањето (подигнувањето) на Исус Христос на небото, кај Отецот Божји, два ангела, во форма на луѓе, им рекле на апостолите дека еден ден Христос ќе се врати на земјата, за да го воспостави своето царство. Тие им ја соопштиле и точната локација кадешто треба да се очекува враќањето на месијата. Тоа е:

Your score is

The average score is 77%

 

Доколку сте ги пропуштиле нашите досега објавени квизови, повелете, кликнете на линковите, решавајте и забавувајте се:

 






ЛЕГЕНДАРНИ ИЗЈАВИ И ГАФОВИ НА МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ Рекоа, се прославија или се посрамотија?

ВО СВЕТОТ НА ТЕНИСОТ 15 прашања за актуелните ѕвезди, но и за скандали во „белиот спорт“

ПОЗНАТИ СЛИКАРИ И НИВНИТЕ ДЕЛА Не треба да сте експерт за да ги препознаете, обидете се!

Поврзани содржини