ПРЕД НАС Е МНОГУ ТОПОЛ ВИКЕНД Температурите ќе бидат речиси 40 степени, можна е појава на локален пороен дожд

Според податоците на УХРМ минимална температура ќе се движи од 12 до 22 степени, а максимална температура од 27 до 38 степени.

1,591

Под влијание на топла воздушна маса, во следните денови времето ќе биде многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени и ќе достигне до 40 степени, соопшти УХМР.

„Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец“, се вели во соопштението на УХМР.






Според податоците на УХРМ минимална температура ќе се движи од 12 до 22 степени, а максимална температура од 27 до 38 степени.

Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре претежно во западните делови во попладневните часови и во сабота од средината на денот. Во недела и понеделник особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер, велат од УХРМ.

Поврзани содржини