ПРЕД НАС Е ГЛОБАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА Орбан предупредува дека Брисел е на пат кон војна

Nајважна тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време, објави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

728

Глобална трансформација е пред нас, напиша денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук, коментирајќи ја актуелната геополитичка ситуација.

„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан.






Тој додаде дека најважна тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“.

„Ова е нашиот пат. Пат на мирот, со дела, а не со зборови“, истакна унгарскиот премиер.

Орбан оцени дека оваа насока е спротивна на „патот на Брисел“.

„Спротивно на тоа, постои патот од Брисел. Со воен план, милијарди пари од ЕУ дадени на Украина и систематски украдени таму, пакт за миграција. И секако, со новата унгарска сателитска партија, која ќе гласа за сè што сака господинот Вебер. Ова е патот на војната и губитниците“, оцени унгарскиот премиер.

Поврзани содржини